Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат формирање анкетна комисија за „случајот Ковачевски“

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност преку процедурални забелешки побараа да се формира анкетна комисија или да се одржи надзорна расправа на која ќе присуствува премиерот Димитар Ковачевски по обвинувањата дека тој ја избегнал законската обврска за служење на воениот рок.
Пратеникот Драган Ковачки побара и информација од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации дали постојат промени во безбедносниот ризик за премиерот Димитар Ковачевски.
Пратениците побараа седницата, која се одржуваше во Сала 4, да продолжи во салата „Борис Трајковски“ поради тоа што за темата интерес има и од граѓаните и од пратениците.

На дневен ред на седницата се кризните состојби во енергетиката за кои пратеникот Бојан Стојаноски побара да се формира работни тело бидејќи, како што рече, има сериозен сомнеж дека со овие кризни состојби се дава можност за склучување набавки во четири очи.
-Барам да формираме работно тело пред да прогласиме кризна состојба од аспект на енергетиката, кое ќе ги провери сите оние народни пари кои се влеале во енергетскиот сектор и како тие пари се потрошени. Предлагам во таа работна група да се претставници на органите на државната управа, министерот за економија, директорот на АД ЕСМ, некој од партениците од опозицијата… Да изготвиме извештај, да го претставиме пред јавноста, заедно со ревизорскиот извештај, со сите склучени јавни набавки во четири очи и потоа да ја продолжиме кризната состојба, објасни Стојаноски.
Ново на Сител
-

Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
