Македонија
29. November 2022 - 16:38

Правната фела бара ревизија на уверенијата за положен правосуден испит

Не само синот на спикерот Џафери, туку над 400 други студенти добиле можност за полагање правосуден испит пред да се стекнат со соодветното образование. Симптоматично е што сите тие уверенијата ги добиле од една иста институција – Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Но ректорот на универзитетот вели дека нема ништо спорно во издадените уверенија, а министерството за правда е тоа кое утврдува дали некој може да полага правосуден испит.

Но реакциите од правната фела не стивнуваат. Професорот Кимо Чавдар вели дека ваквите толкувања се недозволиви и дека самото министерство за правда го прекршило законот за правосуден испит. Професрот е дециден дека министерството мора да направи ревизија на сите правосудни испити во тој период.

Од министерството за правда пак велат дека ревизија на правосудни испити од пред 7 години не е можна, бидејќи архивата се чува само првата година. Оттаму појаснуваат дека според тогашниот закон министерот имал дискреционо право да дозволи предвремено полагање на правосуден испити, но нема информации колку вакви злоупотреби се направени.

Како овие кандидати ќе бидат судии или јавни обвинители е спорно и според адвокатот Јанаки Митровски. Пораката која овој случај ја испраќа до сегашните студенти е поразителна.

 Синот на спикерот Џафери е реалната слика за судскиот систем во Македонија, реагира и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Барлет Џафери во 2015та успеал да положи правосуден испит пред да магистрира со потпис од тогашниот министер за правда Аднан Јашари, кадар на ДУИ.

Вчера во одбрана на синот на спикерот Џафери застана и Академијата за судии и јавни обвинители од каде појаснија дека во тој период ова било законски дозволено.

Барлет Џафери наскоро ќе ја завшри и обуката во Академијата, по што ќе стане или судија или обвинител