Православните верници го слават Свети Наум Охридски Чудотворец
Со вечерна празнична богослужба во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ денеска отпочнува славењето на православниот празник посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец.
Илјадници православни верници вечерва и утре вообичаено како и секоја година ќе го посетат манастирскиот комплекс, за да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски, обединети во верата и во вербата во чудесната исцелителна моќ на Светецот.
Манастирскиот комплекс „Св. Наум“ се наоѓа на најјужната точка на Охридското Езеро, на триесетина километри оддалеченост од Охрид, додека главната црква е изградена на високиот стрмен брег, во непосредна близина на изворите на Црн Дрим.
Светиот просветител Наум ја избрал оваа тивка и благородна околина за свое живеалиште, место од каде што ја развил племенитата мисија за просветување на човекот. Тука е и неговиот гроб, сместен во југоисточниот дел од црквениот нартекс.
По повод празникот бродовите „Александрија 1 и 2“ и „Галеб“ вечерва за Свети Наум ќе пловат по празнична цена од 300 денари.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД