Пречек на Нова година во МНТ - „Супернова 2018“
Македонскиот народен театар утревечер организира пречек на Новата година со настан „МНТ Супернова 2018 - Соѕвездие на добрата забава“.
Публиката ќе ја забавува актерот Сашко Коцев со стендап, а меѓу неговите 15-20-минутни настапи ќе има музика со учество на Биба Додева, Бени & Нонстоп, Александар Митевски и Дамир Имери бенд.
Почетокот на новогодшната вечер е во 21 часот. По доаѓањето на Новата година, публиката ќе продолжи да се забавува во фоајето на театарот каде што диџејот Драган Б. Костиќ ќе пушта рокенрол и ретро музика до 3 часот по полноќ.
Покрај забавна програма, пречекот вклучува и коктел. Од МНТ соопштија дека влезниците, по цени од 1.600 до 2.000 денари, ги распродале пред една недела.
Вратите за публиката во 2018-та МНТ ќе ги отвори на 10 јануари за претставата „Не се клади на Енглези“.
Ново на Сител
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга