-->
-->
Пречек на Новата година на плоштадот во Прилеп
-->
Прилепската локална самоуправа организира заеднички пречек на новата 2017 година со богата целодневна, вечерна и пополноќна програма во новата година, информираше прилепскиот градоначалник Мaрјан Ристески на денешната прес-конференција во локалната самоуправа.
- Заедничкиот пречек на новата година на плоштадот „Mетодија Андонов Ченто" е веќе традиција и ќе се потрудиме сите граѓани и нивните гости да се чувствуваат убаво со богатата програма. Тоа е и за сите кои не може да си дозволат да патуваат или во некои локали да ја пречекаат Новата година, изјави Ристески.
Според совеникот за култура Снежана Ристеска, богатата новогодишна програма ќе почне уште напладне на 31 декември со забава за најмладите.
-Дневната забава на плоштадот на 31 декември ќе биде со веселата програма кога ќе настапат „Јунаците од бајките“ при народниот театар „Војдан Чернодрински“, а потоа и групата „Нокаут“. програмата ќе биде во текот на попладневните часови. Вечерната програма ќе започне во 22.30 часот со настапот на познатите музички имиња Белинда и Шило, а веднаш по спектакуларниот огномет, топлото вино и чајот следува настапот на популарното диџејско трио „The Mode“, рече Ристеска.
Павлина Матеска од локалната самоуправа најави дека прв пат оваа година во пресрет на празниците општина Прилеп во соработка со Црвениот крст организираат хуманитарниот настан наречен „Денови на солидарност за најмладите“.
- Утре и задутре, како и во петок и сабота од 10 до 18 часот сите добронамерници ќе може да донираат пакетчиња за најмалите на пунктовите во Тинекс, Футура, Викторија тобако, Бонита, на градскиот плоштад како и во сите поголеми маркети низ градот. Новогодишните пакетчиња и подароците се наменети за децата од социјално загрозените семејства од градот кои ќе ги поделат општинската организација на „Црвениот крст“ и локалната самоуправа, рече Матеска.
Градските власти ги покануваат сите прилепчани и гостите во градот да се придружат на заедничкиот пречек на Новата 2017 годфина на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб