Пред избори ветуваа се, доста седат во фотелји врз крвта на нашите деца

„И по седум години, уште чекаме правда за нашите деца. Се чувствуваме излажани и изманипулирани. Болката во нашите души нема никогаш да згасне. Се уште не ни е јасно, зошто беа убиени, која беше нивната вина? Каде се тие докази, доста беше молчење и криење. Нема да се помириме со судбината се додека не добиеме, изјави за „А1он“, Раде Славковски, таткото на едно од 5-те момчиња кои беа свирепо убиени пред 7 години, кај Смилковското езеро.
На кобниот ден, на велики четврток, четирите момчиња ловеле риба, а судските вештачења покажаа дека им е пукано од зад грб од огнено оружје. Подоцна, откако премиерот Заев, тогашен лидер на опозицијата тврдеше дека има докази во „бомбите“, случајот познат во јавноста како „Монструм“ го презеде Специјалното обвинителство. Но, случајот се уште е енигма, за јавноста.
Таткото на Александар Наќевски, Горан, за „А1он“ рече дека ќе се воздржат од јавен настап во медиумите се додека во судот не се појави клучниот сведок, премиерот Зоран Заев. Тој вели дека ќе бараат седницата да биде јавна, при што родителите ќе бараат тој да ги изнесе доказите кои им ги ветил дека ги има за случајот „Монструм“.
„Пред избори ветуваше дека се ќе излезе на виделина, дека тие што ни ја нанесоа болката, ќе ја платат цената. Но, до ден, денешен ништо од тоа. Нашите деца дури се вртеа и во спотовите со црни букви беа испишани нивните имиња. На сите ни е јасно дека ова е политичка игра, но ние нема да се откажеме. Не може некој да седне на фотелја врз крвта на нашите деца“, порача Накески.
://a1on.mk
Ново на Сител
-

Без вода објектите на МНТ, Министерството за транспорт и Управата за матични книги
-

Без струја дел од Центар и Аеродром
-

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
