Пред Москва пресретнати најмалку три беспилотни летала
Најмалку три беспилотни летала биле пресретнати на небото над московскиот регион рано утринава, јави Скај Њуз, повикувајќи се на руските служби за итни случаи. Едно од беспилотните летала било соборено во соседниот регион Калуга.
„Според првичните информации, трите беспилотни летала се движеле кон Москва во различни периоди од ноќта“, соопшти Тасс, повикувајќи се на извор од службата.
Во близина на селото Валуево се соборени два дрона, јавија руските медиуми. Селото се наоѓа на околу 30 километри југозападно од Кремљ. Едниот дрон е регистрирана во регионот Калуга, што се граничи со Московската област.
Вториот дрон е соборен во областа на градот Кубинка, на околу 63 километри западно од Москва, во чија близина има руска воздухопловна база.
Според првичните информации, во нападите на дроновите нема повредени или материјална штета.
Ново на Сител
-
Советот на Кочани во понеделник ќе избира в.д. градоначалник
-
Нова криза со недостиг на терапија на Онкологија – тендерските процедури биле во тек
-
Само 25% од невработените во Македонија решиле да се доедуцираат во центарот за образование за возрасни
-
Бока: Пристапувањето во ЕУ треба да се заснова на заслуги, Македонија веќе требаше да е дел од унијата
-
Конечно започнува реставрацијата и конзервацијата на црквата на манастирот Трескавец
-
Преглед на вестите од светот
-
Историски скок на Волстрит, Европската комисија го поздрави потегот на Трамп
-
Судскиот Совет го разгледува предметот за Теодора