Пред Соборниот храм во Скопје традиционална прослава на Бадник

Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 34-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2026.
Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“.
Кум на годинашното одбележување е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар е музичарот Јаков Дренковски.
- Веднаш по осветувањето на гранчињата, подигањето на Бадникарското знаме и исполнувањето на нашата химна нешто по 10 часот кумот Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски, заедно со претставници на Одборот ќе го посетат Домот за стари лица во Злокуќани при што ќе врачат пригодни подароци на штитениците за да им ја доловат атмосферата во пресрет на големиот христијански празник Божик и заедно со сограѓаните и персоналот да ги споделат радоста и среќата што ги носи претстојниот голем празник, велат организаторите.
Посочуваат дека новите кумови и здравичарот по престојот во Злокуќани по 10:30 часот ќе се упатат кон Соборниот храм, каде претходно со пајтон ќе пристигнат минатогодишниот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров. Потоа во присуство на поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на Бадникарскиот ќуп на новите кумови, по што ќе се обрати поглаварот на МПЦ и ќе се освети погачата. Целата церемонија директно ќе биде пренесувана на Првата програма на Македонското Радио.
По завршувањето на церемонијата, новиот кум и здравичарот со пајтон ќе го напуштат храмот „Свети Климент Охридски“ и ќе се упатат кон своите домови поздравени од скопјани.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
