-->
-->
Пред точно три години на денешен ден Шумахер доживеа тешка несреќа
-->

Пред точно три години на денешен ден спортската јавност остана во шок по веста која го заобиколи светот за само неколку секунди, а тоа е дека најголемиот пилот во историјата на Формула 1 Михаел Шумахер доживеал скијачка несреќа во скијачкиот центар Марибел во Франција.
Откако Шумахер официјално излезе од индуцирана кома на 16 јуни годинава беше пренесен во приватна клиника во Лозана, од каде што фановите за жал од тој ден па се до денес не добија ниту една официјална порака за состојбата на возачот на Формула 1.
Медуимите ширум светот за жал секојдневно излегуваат само со шпекулации за состојбата на возачот, додека нема ниту една официјална конкретна информација од семејството на Шумахер.
Во моментов за него се грижат околу 15 медицински лица, кои внимаваат на здравјето на шампионот во текот на сите 24 часа од денот. Трошоците за лекувањето се огромни и се движат некаде околи 140.000 евра неделно, односно повеќе од 20 милиони во текот на целиот период од несреќата.
Пилотот веќе три години е неподвижен, а надежта кај неговата сопруга Корина моментално е поголема од било кога, што може да се забележи од нејзиниот оптимизам при секое појавување пред јавноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
