Македонија
15. May 2024 - 19:43

Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите

Криза во економијата секогаш постои, но во предизборниот и постизборниот период секогаш се продлабочува, сметаат економистите. Тоа е заради фактот што сите политички субјекти се зафатени околу изборите, што продуцира забавување на одредени економски процеси. Целосно враќање во нормален колосек се очекува дури на есен.

- Постои поврзаност помеѓу политикат аи економијата, бидејќи политиката ја креира атмосферата, амбинетот во кој ќе се одвива ова економско работење на компаниите. Нема да биде класична криза, туку ќе дојде до забавување на економските процеси и тоа ќе се прелее еве уште малку и на летниот период, така што дури на есен може да се очекува нешто позабрзано економско движење, како зголемување на прометот, увозот, извозот и порастот на општествениот роизвод, изјави Глигор Ивановски, економист 

Политиката нема големо влијание врз инфлацијата, туку таа се должи на односот помеѓу понудата и побарувачката.

- Сето друго е индиректни начини и мерки за намалување на цените кои на долг рок не даваат ефект. Само зголемена понуда може да ги стабилизира цените, додаде Ивановски

Увозот не секогаш се одразува негативно кон економијата, смета Ивановски, зашто во многу случаи е коректор на цените на домашните производи за широка потрошувачка.