Живот
5. January 2018 - 19:09

ПРЕДИЗВИК: Како да заштедите 1.500 евра без да забележите

Можеби сте слушнале за 52-неделниот предизвик. Станува збор за интересен начин на штедење пари низ годината без воопшто да забележите дека штедите. Започнувате со тргање настрана по 1 евро првата недела, 2 евра втората недела и така натаму.

До крајот на годината ќе заштедите приближно 1.500 евра. Сепак, на крајот на годината нема да имате пари за штедење со оглед на празниците и купувањето подароци, а ќе треба да ставите 52 евра. Ова не е баш многу практично. 

Меѓутоа, постои многу подобро решение што би можело да ви заштеди повеќе пари. Предизвикот од 365 дена. Во понеделник ставате 1 евро, во вторник 2 евра, до 7 евра во недела. Потоа, наредната недела повторно почнувате - понеделник 1 евро, вторник 2 евра, среда 3 евра итн.

На овој начин ќезаштедите28 евра во неделата или 1.456 евра до крајот на годината, и ова штедење е многу подоследно.

извор: fakulteti.mk