Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднел барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека на 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето во судир со законот, се додава, извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата.
- На 13 ноември, во автобус на ЈСП Скопје, тој, во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, се вели во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.
Ново на Сител
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии