Предлог законот за помилување на седница во Собрание

Предлог законот за помилување со кој помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда, денеска ќе биде на седница на Собрание, информираат од Министерството за правда.
Со новиот Закон за помилување, предложен од Министерството за правда, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.
Од Министерството за правда велат дека при изготвувањето на законот биле разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската Унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.
- Причините за донесување на Законот за помилување, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со Предлогот, велат оттаму.
Дополнуваат дека е важно што во него има прецизни рокови и докрај се прецизираат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот.
Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими, oдносно, со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето.
Ова е целосно нов закон кој не се однесува на предлог амнестијата за растеретување на затворската популација која не беше изгласана.
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
