Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
-На утрешната владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем. Довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа сме силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава, информираат од прес-службата на Владата.
Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11 февруари годинава презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Северна Македонија.
-Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство, се вели во соопштението од МП.
Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.
Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
-Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на првната држава, соопшти на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.
Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година. Владата сака предвреме да биде прекинат мандатот на Коцевски, а причината за тоа е, како што велат оттаму, разочараноста од постапувањето надвор од законските надлежности, посочувајќи дека Коцевски незаконски именувал, вршител на должност на Вишото јавно обвинителство на местото на суспендираниот Мустафа Хајрлухаи.
Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри