Предложена мерка притвор за осомничен за разбојништво во аптека во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје нареди истражна постапка против лице осомничено дека вчера се обидело да изврши кривично дело „разбојништво“ и за него е предложено мерка притвор.
– Осомничениот вчера влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите. Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а осомничениот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување, кој го спречил осомничениот во намерата и го оттргнал од вработената, соопшти Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител оценил дека постои опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело и затоа до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог да му се определи мерка притвор.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
