Македонија
8. February 2023 - 16:33

Предвремени избори се единствено решение за Мицкоски, првиот тест ќе биде изборот на нови министри

Реконструкцијата на владиниот кабинет ќе биде прв тест дали власта има мнозинство во Собранието. Ако немаат 61 пратеник, тогаш избори во мај ќе бидат неизбежни, вели Мицкоски. Според него влезот на Алијанса во Владата нема да донесе ништо добро за граѓаните, туку само за неколку политичари кои ќе се богатат на грбот на народот.

Понижувачкиот однос кон Бугарија, според Мицкоски е причина повеќе за предвремени избори. Случајот Пендиков Бугарија го користи за предизборни цели, но вината е во македонските политичари кои дозволија македонскиот народ секојндевно да биде понижуван.

Се додека овие луѓе се таму се додека сме сведоци на свиткана кичма и се додека сме сведоци на вакви естрадни гимнастики во политиката за жал Македонија ќе назадува, народот ќе ни се отселува децата ќе ни се отпишуваат од училиште и Македонија ќе ни се празни. Затоа ако малку има разум час поскоро да седнеме и да договориме избори во спротивно жалам што морам да констатирам дека ќе бидеме сведоци на голгота бидејќи за секој еден ден ќе ни требаат неколку дена за да ја нормализираме ситуацијата“, заклучи Мицкоски.

Пројде јануари, дојде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распуштање на Собранието. А владејачкото мнозинство може да се зголеми, регираше СДСМ.

Мицкоски со години го лаже своето членство, ја лаже и јавноста дека само што не создал ново парламентарно мнозинство, дека само што не собрал 61 пратеник за распуштање на Собранието. Мицкоски е постојано поразуван и демантиран, но очигледно голем му е стравот за фотелјата во Белиот дворец.

Тоа што на политиката гледа како шанса за богатење доволно кажува каков човек е Мицкоски и затоа го очекуваат нови порази, се вели во писмената реакција на владејачката партија.

Возвратија и од Алијанса. Партијата на Таравари изрази жалење што Мицкоски се уште не е излезен од стартиот менталитет и Владата ја гледа само како средство за богатење.