Македонија
12. September 2018 - 10:22

Прегазен маж во Скопје

 Прегазен маж на скопските улици. Како што информираат од полицијата, вчера околу 12.50 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје Д.К. (69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешак Б.А.(78) од Скопје.

Пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.