Прегазена 17-годишна девојка во Тетово
Седумнаесетгодишна девојка е повредна како пешак во сообраќајна незгода која се случи вчера на крстосницата кај градскиот плоштад во Тетово.
-Вчера околу 14 часот и 45 минути, на крстосницата на улиците „Страшо Пинѓур“ и „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, патничко моторно возило „шкода рапид“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот А.Д. од тетовска Шипковица, удрило во 17-годишна тетовка (пешак). Таа била пренесена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Овој месец, на 13 јануари, во Тетово имаше сообраќајка при што загина пешак 6-годишно девојче, откако било удрено од возило на булеварот „Видео Смилевски-Бато”.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива