Македонија
3. August 2015 - 9:02

Прегазено момче кај селото Скудриње, лекарите се борат за неговиот живот

Седумнаесет годишно момче е тешко повредено и во лоша здравствена состојба е пренесено на скопски клиники, откако синоќа околу 22:30 било прегазено од возило кое се движело по регионалниот пат Маврови Анови-Дебар во близина на селото Скудриње.

Според информациите на СВР Тетово, возилото "фолскваген-пасат" со охридски регистерски ознаки, кое го управувал И.И.(31) од Охрид, удрило во пешак кој се движел по патот и притоа тешко го повредил.

Набрзо по несреќата на С.Р (17) прва помош му пружила екипа од здравствениот дом „Ростуше“, по што итно е прeфрлен во гостиварската болница. 

Од ударот, момчето имало повеќе скршеници и во тешка здравствена состојба итно е пренесено на скопските клиники.

Извршен е увид на местото на настанот.