Македонија
16. May 2024 - 12:34

Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен

Пристигна првата тужба за одбиен приговор за сумирање на изборниот резултат по парламентарните избори. Управниот суд информира дека доцна синоќа по 22 часот, коалицијата „Вреди“ поднела тужба против одлука на државната изборна комисија.. Како што информираат, во моментов судот ги презема сите процесни дејствија согласно роквоите определени во Изборниот законик.

Рокот за поднесување тужби е 24 часа од донесување на одлуката на ДИК, но тој рок почнува да тече откако партиите ќе ја добијат одлуката.

Тужби против одлуките за поништување на гласањето веќе најавија од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ. Обвинија за изборен инженеринг кој треба да резултира со намалување на освоениот број пратеници.

До државната изборна комисија пристигаа 27 приговори поднесени од Коалициите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и Левица. Сите се однесуваа на избирачки места во изборните единици пет и шест.. ДИК прифати седум и го поништи гласањето.. Во зависност од одлуката на Управниот суд ќе се одлучува дали ќе има прегласување.

Тоа пак може да влијае врз конечниот резултат на парламентарните избори. По прегласувње во шест избирачки места во петатата изборна единица, на пратеник плус може да се надеваат ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП ако на прегласувањето освојат повеќе гласови.. Во таков случај, намалување на бројот на пратенички мандати ќе претрпи коалицијата предоводена од ДУИ. Во шестката пак, на пратеник плус се надева коалициајта Вреди.