Loading Video...
Свет
20. November 2025 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Американска воена делегација предводена од секретарот Ден Дрискол е во Киев на разговори со Зеленски за завршување на војната со Русија.

Посетата следи по медиумските извештатите за нов мировен план составен од САД и Русија, кој бара значителни отстапки од Украина, вклучително и откажување од територија што сè уште ја контролира, да ја преполови својата армија и , да  прифати ограничувања на одредени видови оружје.  Кога ќе биде под контрола на Русија, областа би се сметала за демилитаризирана зона, а на Русија би ѝ било забрането да има војници таму.

Од Киев се бара и рускиот јазик да биде признаен  како официјален јазик  во цела Украина и да не дозволи странски трупи на своја територија . Во замена САД нудат безбедносни гаранции, но не се наведени прецизни механизми за заштита.

Овие услови во голема мера ги отсликуваат долгогодишните барања на Москва. според извешатите планот   има 28 точки и  е изготвен од претставникот на Трамп, Стив Виткоф, и рускиот специјален претставник Кирил Дмитриев кон крајот на октомври. Кремљ порача дека во моментов не се водат преговори со Вашингтон за таков план.   Украииснкиот претседтаел бара од неговиот американски колега да се заложи за праведен мир. Само  Трамп и САД имаат доволно  моќ да  ја ја завршат оваа војна  напиша Зеленски на социјланите мрежи.

Шефицата на европската дипломатија децидна – секој  план за ставање крај на војната во Украина ќе има потреба од поддршка од Киев и Брисел. 

- Она што ние како Европејци отсекогаш го поддржувавме е долготраен и праведен мир и ги поздравуваме сите напори за постигнување на тоа. Секако, за да функционира кој било план, потребни се Украинците и Европејците. Значи, ова е многу јасно , изјави  Каја Калас, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

22 лица се уште се водат како исчезнати по вчерашниот руски ракетен напад врз западниот украински  град Тернопољ. Погодени биле   две станбени згради . Повеќе  од 160 спасувачи трагаат по преживеани под урнатините.  Според украинските извештаи во нападот загинаа  25 лица , меѓу кои три деца а 73 беа повредени. Претседателот Зеленски го опиша како еден од најсмртоносните наапди врз Западна Украина од февруари 2022 година. 

Делови од Белгија и Германија утрово осамнаа под снежна покривка од неколку сантиметри. Снегот предивика застои во соообраќајот на патиштата  но и донесе радост за децата кои поитааа да се санкаат и со снежни топки да се маваат.