Loading Video...
Свет
6. December 2025 - 16:29

Преглед на вестите од светот

Украинските и американските преговарачи заеднички ја повикаа Русија да покаже „сериозна посветеност на долгорочен мир“ откако разговорите во Москва претходно оваа недела не донесоа напредок.

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Рустем Умеров, го упатија повикот по дводневните „ преговори  во Мајами. на кои  како што рекоа, бил постигнат напредок во разговорите за мировниот план за ставање крај на војната. Во соопштението , тие наведоа дека изгледите за завршување на војната во Украина зависат од „подготвеноста“ на Русија да преземе „чекори кон деескалација и прекин на убивањето“.

Белата куќа објави дека американско укрианските разговори ќе продолжат и денеска.

Наспроти дебатите за мир, на фронтот борбите продолжуваат со несмалено темпо.  Украинскаат армија обајви  дека  русија во текот на ноќта  лансирала  653 дрона и 51 ракета а  наападите биле насочени кон енергетски постројки. 

Министерството за енергетика соопшти дека инфраструктурата во осум региони е оштетена, што доведе до прекин на електричната енергија на голем број домаќинства. 

- Светот треба да се освести. Тие треба да ни помогнат, бидејќи веќе немаме сила, веќе правиме работи надвор од нашите можности. Само Бог знае и ни помага да се држиме. Колку е мала Украина, колку е голема Русија, колку е голем светот. 

- Ако тие (Русите) сакаа мир, немаше да го сторат тоа (да започнат воздушни напади). Каков мир? Погледнете го бројот на ракети што ги лансираа, бројот на шахиди што ги лансираа вечерва. Дали е ова за мир? Ова не е за мир, ова е за уништување на Украинцити

 Руското Министерство за одбрана го потврди нападот, наведувајки дека дека  цели биле  претпријатија од украинскиот воено-индустриски комплекс и енергетски објекти што ги поддржуваат. Наапдот е одоговор на терористичките напади на Украина врз цивилни цели додава Министесртвото.

Оштетената  Ззаштитната обвивка на  нуклеарна централа Чернобил во Украина итно има потреба од сеопфатна санација предупреди  Меѓународната агенција за атомска енергија. . По ударот на дрон во февруари годинава  биле извршени некои привремени поправки, но тие не се доволни за нукеларна безбедност  изјави првиот човек на агенцијата , Рафаел Гроси.  Гроси истакна најновата безбедносна проценка на тим од мегународнаат агенција за атомска енергија  покажала дека заштитината  обвивка  по ударот на дрон ги изгубила своите примарни заштитни функции, вклучувајќи ја и способноста за задржување на   радиоактивен материјал. Украинските власти тврдат дека дронот што го оштетил саркофагот бил руски, обвинувајќи ја Русија за нападот.. Москва, од своја страна, негира дека ја нападнала централата.

Бројот на жртви во поплавите и лизгањата на земјиштето на индонезискиот остров Суматара , предизвика  од минатонеделните монсунски дождови  се искачи на 897  соопшти Индонезиската служба за борба против катастрофи.  Околу 500  луѓе се уште се водат како исчезнати.  Службата  за борба против катастрофи предупредува  дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи спасувачките тимови сè уште не стигнале до некои изолирани области.  Работата на спасувачите е отежната поради уништените мостови и блокираните патишта. Во некои населени места со денови нема струја, чиста вода и пристап до телекомуникациски услуги.