Loading Video...
Свет
21. November 2023 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Најмалку едно лице загина, а три лица се пoвредени во пукање во продавница Волмарт во Биверкрик, Охајо. Американските медиуми пишуваат дека убиството го извршил маж, кој кон жртвите пукал од автоматско оружје.

Полицијата во Бивер крик соопшти дека веднаш интервенирала по дојавата од чевидците за пукањето, дека напаѓачот бил неутрализиран и дека нема никаква закана за локалните жители.

Ова е трето масовно пукање во САД, овој месец. Најмногу жртви во напад на вооружено лице годинава во САД имаше минатиот месец, кога Роберт Корд уби 18 лица во масовно пукање во куглана и бар во малиот град Левистон.

Три лица загинаа, а осум се ранети во руски ракетни напади и гранатирања во текот на ноќта во регионите на Доњецк и Харков, соопштија утрово украинските власти.

Проектилите на руската армија погодиле болница во градот Селидове во Доњецк и рудник за јаглен, информираше украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.

Украинското обвинителство подоцна соопшти дека нападот врз цивилните објекти бил извршен со ракети С-300.

Мета на нападот била градска болница, а како резултат на гранатирањето, осум пациенти се здобиле со контузии и рани од шрапнели, а еден им подлегнал на повредите.

Во ракетниот напад врз рудникот за јаглен во Доњецк, пак 39 рудари останале заробени под земја, но по брзата интервенција на надлежните, сите биле извадени на површина.

Нападите на Руската армија врз регионот на Доњецк не престануваат од почетокот на воената интервенција, бидејќи Русија планира да го заземе целиот регион на Донбас.

Членови на семејствата на израелските заложници киднапирани од Хамас кои синоќа имаа средби со воената влада на Израел истакнаа дека се многу разочарани по состанокот.

Еден од присутните, Уди Горен, чиј братучед Тел Хаими моментално е задржан од Хамас во Газа, рече дека се надева оти владата на Израел ќе му даде приоритет на враќањето на заложниците.

Постојано ни велат дека ова ќе потрае со месеци или години и ќе потрае долго време. Од друга страна, другата цел е временски чувствителна. Луѓето умираат! Тоа сигурно го знаеме. Зборуваме за животите на луѓето кои се дел од нашите семејства. Мисла дека тие треба да бидат главен приоритет, Вели Горен.

Околу 240 заложници беа земени за време на смртоносното прекугранично дивеење во Израел од страна на милитантите на Хамас на 7 октомври, што го натера Израел да ја нападне палестинската територија за да го таргетира Хамас.