Преглед на вестите од светот
21 годишниот Остин Такер Мартин од Северна Карлина беше застрелан од припадниците на тајната служба откако влегол со оружје во комплексот мар-а-лаго на флорида, во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп. Неговото семејство претходно го пријавило како исчезнат..
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, најави дека неговата земја ќе го блокира обидот на Европската Унија (ЕУ) да го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, како и обезбедувањето дополнителна помош за Украина. Состанокот треба да се одржи денеска, а од Унгарија порачаа дека додека Украина не го продолжи транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, нема да дозволиме да се донесуваат одлуки важни за Киев. Тој додаде дека Унгарија ќе го блокира и големиот заем од ЕУ за Украина од 90 милијарди евра, кој треба да ги покрие воените и економските потреби на Киев за следните две години.
Поради силна зимска бура денеска ширум североистокот на САД се затворени училишта, прекинат е јавниот превоз и откажани се илјадници авионски летови, а жителите на тоа подрачје се предупредени на обилни снегови, силни ветрови и опасни услови за патување, соопштија локалните власти.
Според Националната метеоролошка служба, зимската бура може да донесе многу нов снег во Филаделфија. Се очекуваат и налети на ветер со брзина од околу 70 км на час. Гувернерите на Њујорк, Њу Џерси, Конектикат и Масачусетс издадоа наредби за вонредна состојба и запирање на непотребните патувања.
Италија се збогуваше со Зимските Олимписки Игри, а чинот со церемонија синоќа на отворено се одржа во древната Верона Арена, кои беа пофалени како модел за тоа како да се организираат вакви настани.
Церемонијата на затворање беше насловена „Убавина во акција“. Формално ко-домаќини на Игрите кои беа Милано и Кортина д'Ампецо, се проширија низ голема област на северна Италија и поминаа без грешка. Норвешка освои најмногу медали 41 – 18 златни, па САД со 33 -12 златни, Холандија 20-10 злата, а домаќинот Италија 30 -10 златни. Македонија на игрите настапи со четири спортисти со резултати во нивните рамки.
Следните Зимски Олимписки игри ќе се одржат на Француските Алпи во 2030 година , во неколку региони, додека следните Игри Летни се 2028 година во Лос Анџелес.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
