Loading Video...
Свет
1. April 2026 - 8:06

Преглед на вестите од светот

Израелскиот премиер  објави  дека  во војната против Иран постигнале повеќе од половина од зацртаните  цели , но не прецизираше кои конкретни цели ги смета за постигнати.  Нападите продолжуваат вели Нетањаху. Американскиот претседател пак предупреди дека доколку наскоро не се постигне мировен договор со Иран, САД би можеле  да ги нападнат иранските енергските постојки и инфраструктурата за  десалинизација, клучна за обезбедување вода за пиење на Иранците.  Бомбардирањето  на инфраструкурата за десалинизација  влегува во категоријата  воено злостроството.   Портпаролката на Белата кука  изјави дека најдорбата опција на иранскиот режим е да склучи договор.

- Претседателот јасно му стави до знаење на иранскиот режим, дека нивниот најдобар потег е да постигнат договор, или вооружените сили на САД имаат капацитети шти ги надминуваат нивниет најлуди имагинации, а претседателот не се плаши да ги искористи изјави Карлин Левит, портпаролка на Белата куќа. 

ОД Министесртвото за надворешни работи на Иран порачаа дека   секоја одлука за завршување на војната ќе биде донесена  само во согласност со ставоите на раководството и нациоалните интереси на Иран.

- Нашиот став беше јасен. Штом ќе дојдеме до заклучок, ќе го објавиме на соодветен начин бидејќи имаме доверба во себе и знаеме што сакаме, портпарол на ирнаското МНР.

Воените активности продолжуваат. Изарел ќестоко удри врв Техеран, САД врз Исфахан. Иран ланира ракети и дронови  врз Тел Авив а цели и некои земји во регионот. Кувајтски танјкер во пристаништетот во Дубаи беше погоден од ирански дронови. Во мегуврем  ФРанција страна третата  европск  земја по  Шпанија и Италија  која  го затврори воздушниот простор   за  американски  воени авиони вклучени   во војната со Иран. 

Украина се сеќава на  руските веоени злосторства  во Буча. На четиригодишнината  од масакрот,  во Буча пристигнаа шефицата на еворпската  диплоамтија Каја Калас и десетина м инситри за надворешни работи на држави на ЕУ.  “Ќе продолжиме да даваме воена, финансиска, енергетска и хууманитарна поддршка. И Ќе сториме се што можеме за да обезбедиме целосна одговорност за злосторствата на русија, напиша Каја Калас на Х. Шефот на украиснкаат дипломатија порача дека посетата на еворпската делегација е знак за солидарност со Украина.   Според Киев,руската војска  во Буча  убила  400 цивили , вклучивајќи и 37 деца. Руските власти ги отфлаат таквите обвинувања, твдејќи дека настаните во Буча биле исценирани. На фронтот – продолжуваат борбите  - и Киев и Москва   известуваат за пресретнати дронови. 

Израелскиот парламентот усвои закон со кој се воведува смртна каза за палестинците осудени во израелските воени судови за извршување смртоносни наапди што се сметаат за терористички. Законот предвидува  егзекуција во рок од 90 до 180 дена по пресудата. 

- Од денес па натаму, секој терорист ќе знае, и целиот свет ќе знае, оној што ќе одземе живот, државата Израел ќе му го одземе животот. Оваа правда треба да се види и да се спроведе, а почнувајќи од утре наутро, со помош на благословениот Бог, таа ќе се спроведе изјави Итамар Бен Гвир, министер за национална безбедност на Израел.

Групите за човекови права и палестинскиот претсдател Абас го осудија  изарелскиот закон нарекувајќи го  кршење на меѓународното право  и по својата природа дискиминатроски.