Преглед на вестите од светот
Кризата со шумските пожари во Грција не се смирува. Високите температури и силните вретови им ја отежнуваат работата на пожарникарите. Пламените јазици голтаат се пред себе, предизвикувајќи итни евакуации на повеќе населени места.
„Не е убаво, ужасно е чувството кога градиш нешто со толку многу труд, а кога не се лесно да се дојде до пари. Беше толку многу труд, а кога се грижиш за својот имот, за својата земја, не е убаво.“, изјави Анастасија Хацоглу, сопственичка на изгорена куќа
Во регионот Атика, во близина на населбата Псата и градот Мегара се водат најтрешките борби со огнената стихија. На грчките сили им помагаат 46 пожарниакри од Франција и Романија со осум возила.
Унгарскитот премиер Петер Магар објави дека нуклеарната централна Пакш нема биде целосно исклучена бидејки нивото на реката Дунав се зголемило. Пакш произведува речиси половина од електричната енеергија во земјата а водата од Дунав ја користи за ладењето на своите рекатори. Околу еден и пол часот по полноќ бевме само неколку милимимитри од целосно исклучување на нукеларката централа Пакс, но потоа нивото на водата престана да опаѓа. До утрово, се зголеми за 1,5 сантиметри. Моментално последната турбнина работи безбедно напиша Маѓар на Икс. Минатата недела унгарската влада воведе строги мерки за заштеда на електрична енергија, повикувајќи ги домаќинствата и индсутрсиките гиганти да ја намалат потрошувачката во пердиотот од 17 до 22 часот. Рекородно ниското ниво на водата во Дунав предизвика проблеми во произвдството на електрична енергија и во Австрија и Романија. Бугарските власти пак инффомираа дека нуклераната централа Козлудуј засега работи непречено и покрај тоа што водостјт на Дунав во земјата продолжува да се намалува и веќе достгигна рекодрно ниски вреднсоти за последните децении.
Доналд Трамп изјави дека мировните преговори помеѓу САД и Иран се во тек и дека ова е последна шанса Техеран да потпише добар договор.Истовремени предупреди дека Вашингтотн е подготвен за силна воена реакција доколку преговорите не успеат.
- Сакам да им дадам секоја последна шанса пред обезглавувањето. Многу е тешко да се направи она што го планиравме, сè уште го планиравме. Ќе видиме што ќе се случи. Но, тоа е многу, многу тешка работа. Мислам дека сум многу горд на фактот дека ќе им дадам шанса на луѓето. Ова е голем потег. Да се направи толку голем напад врз земјата, би сакал да не го направам тоа, изјави Доналд ТРамп, претседател на САД.
Иранското министесртво за надворешни работи соопшти дека САд и Иран мометално не преговараат а преговорите со Оман се фокусирани на договор за утврдување на привремене рута за безбедно поминување на бродовите низ Ормутскиот теснец. Во меѓувреме, Њујок Тамјс, повикувајки се ирански претсавници објави дека Иран и Оман се блиску до договор.
Студен поларен бран го зфати Нов Зеланд, носејки снег на ниски надморски височини, проблеми во сообраќајот и прекини во фериботскиот превоз. Снег пагаше и во делови од Јужниот Остров, но и в главниот град Велингтон, каде ваквата појава е невообичаена за овој период. Поради снежните врнежи и замрнзатите колови, неколку патишта се затворени а властите ги предудпредија возачите да избегнуваат непотрени патувања.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
