Преглед на вестите од светот
Саудиска Арабија го затвори својот нафтоводот Исток Запад, клучна алтернатива на Ормутскиот теснец за нејзниот извоз на нафта, по вчершанните наапди со дронови лансирани од Ирак.
Обемот на предизвиканата штета се уште се проценува соопшти саудиското министерство за надворешни работи и наведе дека по барање на ирачкиот премиер САудиска Арабија нема да возврати со воена одмазда во оваа фаза.
Овој потег имал за цел да ѝ даде можност на ирачката влада да ги преземе неопходните мерки за спречување напади врз Саудиска Арабија кои потекнуваат од ирачка територија, се наведува во соопштението на Минситерството. Нападот бил извршен од провинцијата Мајсан која граничи со Иран.
Воениот командант задолжежен за оперативната командаа во Мајсан е разрешен од должноста и во тек е истрага за наапдот соопшти владата во Багдад. Нападот се случува во време на нова ескалација во Јемен, каде што Хутите презедоа значител деч од брегот на Црвеното Море и со тоа ја проширија контролата врз тенсецот Бал Ел Мандеб.
Воениот успех и овозможува директно да го блокираат или нарушуваат саудидскиот извоз на нафта и мегунардните трговски сообракај и со тоа го зајакнуваат влијанието на Техеран врз уште еден стратешки воден пат на Блискиот Исток.
Истовремено загрозување на Ормтуксиот Тенсец, саудискиот нафтовод Исток –Запад и Баб ел МАндеб остава се помалку сигурни маршути за транспорт на нафта од Заливот. На маргините на самитот на Брикс, иранскио престедател зборуваше за слободата на пловидбата и трогвијата, како и за стабилнсота ан регионот.
„Иран се соочи со опсежни санкции во текот на изминатите години. Економската безбедност не може да се одвои од националната и регионалната безбедност. Секогаш кога трговскиот, енергетскиот, инфраструктурниот или финансискиот систем на една земја ќе се најде под политички или воен притисок, последиците се шират надвор од границите на таа земја и можат да влијаат врз регионалната, па дури и врз глобалната стабилност“, изјави Масуд Пезешкијан, претседател на Иран.
Путин ја предупреди Европа дека евенутлано испракање европски војници во Украина би значало директна војна со Русија.
-Дали сакаат да ги ревидираат резултатите од Втората светска војна? Кон што сега ги туркаат народите во своите земји? Кон војна со Русија? Сега зборуваат дека размислуваат како да испратат војници во Украина. Тоа значи војна со Русија. Мислам дека сè што се случува сега во Европа во целина е резултат на системски грешки на таканаречениот Запад, или поточно, на западните глобалисти, во областите на политиката, безбедноста и економијата, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Тој истовремено нагласи дека Русија не претставува закана за Европа. Во најновата серија напади со беспилотни леата меѓу Русија и Украина има загинати и повредени лица на двете страни.
Според податоци на украинските власти две лица загинале во Запоројже, едно во Криви Рих а 35 лица се повредени во Одеса. Руските власти информираа дека едно лице загинало, а 14 се повредени во Белгород.
Сакам да видам Обединета Ирска. Тоа на крајот ќе се случи Вака ТРамп одговори на новинарско прашање за можоста за обединување на Република Ирска со Северна Ирска која е под британска управа, за време на средбата со ирскиот премиер Мајкл МАртин во Даблин.
„Па, не сакам да предизвикувам проблеми, но ќе ви кажам дека би сакал да ја видам обединета. Имам пријатели од двете страни. Одлични луѓе. Тие се Ирци. Како би можеле да бидат лоши, нели? Би сакал да ја видам обединета, но мислам дека би било одлично... голем успех за сите ако тоа се случи – а на крајот секако ќе се случи. Знаете што? Така гледам јас на работите. На крајот ќе се случи. Работите ќе се случат. Разговаравме за тоа. А тука го имате вистинскиот човек што може да го придвижи процесот. Но, да, мислам дека тоа би било фантастична работа. Се разбира, Обединетото Кралство ќе има што да каже за тоа, но мислам дека би било одлично. Мислам, како би можело да биде лошо?“
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
