Loading Video...
Свет
17. September 2026 - 12:11

Преглед на вестите од светот

Прсудата на Трибуналот во Хаг за Хашим Тачи и тројца други членови на ОВК беше внимателно следена во Косово и Србија, каде што наследството од конфликтот од 1998-99 година и прогласувањето на независноста на Косово од 2008 година остануваат извор на тензии меѓу етничките косовски Албанци и Срби. Донесената пресуда придонесе самиот Трибунал во Хаг да е длабоко непопуларен во Косово.

Во Приштина, илјадници луѓе ја исвиркаа пресудата. Полицијата соопшти дека биле направени подготовки со странски мировни сили во случај протестите да станат насилни. Демонстрантите сепак фрлаа камења кон седиштето на Мисијата на Европската унија за владеење на правото.

При руските воздушни напади во раните утрински часовиденеска повредени се 18 лица и оштетени се згради во украинскиот главен град Киев и во пристанишниот град Одеса на Црното Море, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека 12 лица, меѓу кои и две деца, се повредени во градот, додавајќи дека освен станбени згради, остатоци паднале и врз магацински објекти и во близина на бензинска пумпа, кои сега се честа цел на напади.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата изјави дека војната со Иран „се надева“ се ближи кон својот крај.

„Па, се надеваме дека сме кон крајот на војната. Тие сакаат да постигнат договор. Ќе видиме како тоа ќе функционира. Тие многу сакаат да постигнат... Иран многу сака да постигне договор. Ќе видиме како тоа ќе функционира.“

Тој треба да се сретне со лидерите на земјите од Персискиот Залив во вторник на маргините на Генералното собрание на ОН.

Како прва прекуморска приградска железница во Кина, линијата 12 на железничката пруга Нингбо привлече огромен број луѓе. Линијата нуди живописен поглед на океанот по должината на рутата, што ја доби прекарот „метро со поглед на морето“ меѓу патниците.

Возот се движи со брзина до 160 км/ч, и им нуди на патниците прекрасен поглед на морето при преминување на заливот Сјангшан.