Преглед на вестите од светот
Најмалку 12 лица загинаа, а над 300 се повредени во вчерашниот напад врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, при што бил погоден еден од патничките терминали.
Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија ги обвини јеменските Хути за нападот и најави одговор, додека самите Хути засега не презедоа одговорност за овој конкретен напад.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе разгледа дали ќе ѝ се придружи на Саудиска Арабија во евентуални напади врз Хутите.
Хутите велат дека ја напаѓаат Саудиска Арабија поради нејзината поддршка за владините сили во граѓанската војна во Јемен.
Тие изведоа уште три напади на саудиските аеродроми оваа недела испраќајќи порака дека треба да бидат сфатени сериозно.
Македонското министерство за надворешни работи утрово ги повика сите македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија да бидат особено внимателни и да ја следат безбедносната состојба.
Американскиот Претседател Доналд Трамп рече дека Украина треба да има избори и да го смени Зеленски.
Трамп истовремено ги критикуваше украинските напади врз руската нафтена инфраструктура, само еден ден откако објави договор со Москва за снабдување со руски дизел.
Украинскиот Претседател Зеленски во објава на Икс утрово рече дека Украина е подготвена веднаш да ги прекине нападите врз руските рафиниерии доколку Путин престане да ја таргетира украинската енергетска структура.
Во меѓувреме и двете страни разменуваат напади.
Северна Кореја организираше голема прослава за 81 роденден на Работничката партија.
Северна Кореја формално има повеќепартиски систем но фактички е еднопартиска држава под доминација на работничката партија која во 1945та ја формираше основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг.
Партијата и државата денеска ја води неговиот внук, Ким Јон Ун.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
