Loading Video...
Свет
27. February 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

Појавувањето на војници  на НАТО на територијата   на  Украина ќе довде до директен конфликт со Руската Федерација и ескалација на ситуацијата порача  Кремљ. Реакцијаат уследи откако на синокешната  конференција  за Украина во Париз на која пристутваа околу 20  европски лидери , францускот претседател Макрон  ја отоври темата за испракње европски сили на НАТО  во Украина.

-Вечерва немаше консензус за испраќање војници на теренот на начин што е официјален и  и одобрен. Но, во динамиката, ништо не треба да се исклучи. Ќе сториме се за Русија не може да победи во оваа војна изјави францускиот претседател Емануле Макрон.

-Опасностите од таквите акции, директното вклучување во жешки конфликти на боиштата не е во интерес на овие земји, и тие треба да внимаваат. Во тој случај не би требало да зборуваме за веројатност, туку за неизбежност од директен конфликт меѓу НАТО и Русија истакна портпаролот на Кремљ,Песков.

Од изјавата на Макрон веднаш се огради НАТО. Генралниот секретар  Столтенберг   порача дека Алијансата не планира да испрати борбени трупи во Украина.  И Германија контра Франција.

На територијата на Украина нема да има војници на европските земји или членки на НАТО дециден е германскиот кацелар Шолц.

Бајден до понеделник очекува договор за прекин на огнот и заложниците помеѓу Изарел и Хамас

Американскиот претседател Џо Бајден е оптимист дека Израел и Хамас  ќе се договорат за прекин на огнот до недела.

-Па, се надевам до крајот на викендот, крајот на викендот. Мојот советник за национална безбедност  ми кажа дека сме блиску, блиску, но уште не сме говоти. Се надевам дека до следниот   понделник ке имаме прекин  на огнот, изајви Бајден.

Покрај Соединетите држави, во преговорите учествуваат и Катар и Египет. Преговарачите работат на договор за шестнеделна  пауза во борбите во Појасот Газа и размена на изарелски заложници и палсетински затвореници. Договорот предвидува и испорака на поголема хуманитарна помош за Газа.