Loading Video...
Свет
27. March 2024 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шестe лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти, односно шансите за преживување на исчезнатите биле исклучително мали поради студената температура на водата и времето што поминало од несреќата. Потрагата ќе продолжи во во утринските часови кога се очекува во водите да влезат нуркачи. Лицата биле работници кои ги поправале дупките на мостот, и биле од Мексико и од Гватемала, јавува Си-Ен-Ен. Инаку, две лица се спасени вчера од водата,

Луѓето и автомобилите паднале во водата од висина од 50 метри.

Американските медиуми јавуваат дека товарниот брод „Дали“ кој пловел под сингапурско знаме, кој удрил во мостот, бил вклучен во уште еден инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.

Американската крајбрежна стража претресува десетици оштетени контејнери, за кои се верува дека содржат потенцијално опасни материјали, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименувани официјални лица.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур рече дека може да потврди дека „екипажот ги известил властите за проблем со моќноста на моторот“, додавајќи дека проблемите настанале пред да удри во еден од столбовите што го потпираат мостот.

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин на огнот на палестинската територија. Најмалку седум лица загинаа денеска во израелски воздушен напад врз јужниот либански град Набатија, изјавија безбедносни извори за британските медиуми. Тројца милитанти на Хезболах вчера беа убиени во израелски воздушен напад . Израел го потврди нападот.

На опколената Газа очајно ѝ е потребна помош и Соединетите Американски Држави рекоа дека ќе продолжат со фрлање на пакети од воздух, и покрај молбите на Хамас да ја прекине практиката, откако исламистичката група соопшти дека 18 лица загинале обидувајќи се да добијат пакети со храна.

На митинг синоќа во Северна Каролина претседателот на САД Џо Бајден предложи намалување на здравствените трошоци во САД и зголемување на данокот за богатите Американци од 8,2 до 25 отсто, аргументирајќи дека тоа е можност за значајно пополнување на федералниот буџет во наредните десет години. Тој истакна дека и тоа конечно да се осигура да ја згрижат Украина од тој касап Путин, за кого и претходно не штедеше зборови за рускиот претседател и изјави дека тој смета дека Путин е кој се заканува со нуклеарни бомби. На митингот синоќа Бајден настапи заедно со потпретседателката Камала Харис.

Бројот на повредени во нападот во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба. Во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“. 92 лица се хоспитализирани, а 63 лица се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник. Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.