Loading Video...
Свет
20. April 2024 - 16:41

Преглед на вестите од светот

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД денеска ќе гласа за пакетот безбедносна помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, кажа дека е решен да го изнесе ова прашање на гласање, дури и ако тоа може да ја загрози неговата функција

Гласањето за Украина внимателно ќе се следи во Киев, кој со месеци предупредува на итната потреба од ново оружје.

Предложениот пакет помош од Џонсон предвидува над 60 милијарди долари за Украина, речиси 27 милијарди долари за Израел и 8 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван. Претставничкиот дом ќе гласа за секој пакет поединечно, со што се зголемува можноста да не биде одобрена помош за сите

Најмалку 9 лица загинаа, меѓу кои 6 деца во израелски воздушен напад во најјужниот град на Појасот Газа.

Во нападот, кој се случи доцна синоќа, погодена е станбена зграда во населбата Тел Султан во Рафа, според

Рафа, кој се наоѓа на границата со Египет, моментално е дом на повеќе од половина од вкупното население на Газа од 2,3 милиони жители, од кои огромното мнозинство побегнаа од борбите на северот на територијата.

Почина мажот кој вчера се самозапали пред судот во Менхетен, каде се води судски процес против екс американскиот претседател Доналд Трамп.

37 годишникот починал во болница од здобиените повреди, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Тој вчера пред судот се полил со течност и се запалил, а претходно во околниот парк делел памфлети со теории на заговор.

Руски новинар загина во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Според достапните податоци, од почетокот на руско-украинската војна, досега убиени се најмалку 15 новинари.