Loading Video...
Свет
29. April 2024 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Ријад како дел од посетата на регионот. Блинкен од денеска до среда ќе ги посети Саудиска Арабија, Јордан и Израел. Како што е наведено, на средбите ќе се разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што ќе обезбеди ослободување на заложниците. Се додава дека ќе разговараат и за зголемување на хуманитарната помош испорачана во Газа. Тој веќе имаше средба и со министерот за надворешни на Саудиска Арабија принцот Фаисал Бин Фархан Ал Сауд.

Централната команда на САД и Кралските јордански воздухопловни сили спроведоа комбинирана воздушна помош за хуманитарна помош во Северна Газа. Дополнително, беа испорачани и повеќе од 13.080 еквиваленти на оброци од залихите на храна од Јордан,

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Од Белата куќа не се дадени повеќе детали за делот од разговорот. Вашингтон соопшти дека не може да поддржи операција во Рафа без соодветен и кредибилен хуманитарен план.

Количината на хуманитарна помош што оди во Појасот Газа ќе биде зголемена во наредните денови, соопшти израелската војска наведувајќи ги новите коридори кои го користат израелско пристаниште и граничните премини во палестинската енклава.

Хагари рече дека зголемувањето на помошта е резултат на користењето на израелското пристаниште Ашдод, како и на новиот премин во северниот дел на Газа и зголемената помош од Јордан што влегува преку граничниот премин Керем Шалом на јужниот дел на Газа.

Добротворната организација „World Central Kitchen“ со седиште во САД соопшти дека ќе ги продолжи операциите во Појасот Газа во понеделник (29 април), еден месец откако седуммина нејзини работници беа убиени во израелски воздушен напад.

Силни бури зафатија делови од Оклахома во неделата предизвикувајќи четири смртни случаи, вклучително и едно од четиримесечно дете, според ABC News. Повеќе од 22 милиони луѓе се под закана од бурите во неделата во Тексас, Луизијана, Оклахома, Арканзас, Мисури, Канзас и Илиноис ABC.

Нестабилното време се очекува да продолжи до понеделник соопшти метеоролошката служба.

Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, прогласи „вонредна состојба при катастрофа“ во државата.

Невремето во Кина продолжува да им создава проблеми на локалните власти, а во Гуангжу состојбата е најтешка. Според локалните власти настрадаа пет лица, додека 33 се повредени.

Минатата недела делови од Кина беше погодена од поројни дождови предизвикувајќи масовни евакуации и лизгање на земјиштето како последица на немилосрдните бури предизвикани од остатоците од тајфунот Хаикуи.

Дополнителни проблеми денеска претставува и новата снежна покривка.