Loading Video...
Свет
14. May 2024 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен денеска пристигна во Киев во прва посета на висок американски функционер на Украина откако Конгресот го одобри долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари минатиот месец. Посетата има за цел да ја покаже солидарноста на САД со Украина, додека таа се бори со тешките руски бомбардирања на нејзината североисточна граница.

Блинкен кој пристигна со воз ќе се обиде да ги увери украинските официјални лица, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, за континуираната американска поддршка. Ова е негова четврта посета на Киев од почетокот на војната меѓу Русија и Украина.

Најмалку 14 лица загинаа, а десетици се повредени во текот на ноќта во напад на борбени авиони на израелската армија (ИДФ) врз станбена зграда јужно од бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа. Авиони на израелските воени сили го бомбардираа градот Газа и бегалскиот камп Џабалија.

Експлозии утрово биле забележани во близина на јужната граница на Израел со Газа. Израелските сили во понеделникот влегоа за да ја вратат Џабалија, бегалски камп за Палестинците, каде што Израел тврдеше дека го разбиле Хамас пред неколку месеци. Бројот на палестински загинати во војната сега надмина 35.000, со 57 убиени во изминатите 24 часа, според здравствените власти во Газа, чии бројки не прават разлика меѓу цивили и борци.

Израелските демонстранти ги блокираа камионите со хуманитарна помош што се упатија кон Газа фрлајќи пакети со храна на патот во последниот од серијата инциденти што се случија откако Израел вети дека ќе дозволи непрекинато хуманитарни резерви во опколената енклава.

Протестите се случија кога Израел се соочи со силен меѓународен притисок да го засили протокот на помош во Газа, каде меѓународните организации предупредија на тешка хуманитарна криза која се заканува на населението од повеќе од 2 милиони луѓе.

Во Балтимор беше извршена контролирана експлозија во понеделникот за да се овозможи отстранување на дел од урнатиот мост Френсис Скот Ки од огромниот контејнерски брод што го урна мостот на 26. март. Бродот Дали ја загуби струјата и урна еден од носачите на мостот, при што загинаа шест градежни работници.

Инцидентот првично го запре сообраќајот на пристаништето Балтимор, а подоцна отворени се четири привремени канали, овозможувајќи обновување на испораката. Се очекува пристаништето со полн капацитет да продолжи со работа до крајот на мај. Обновата на мостот ќе чини од 1,7 до 1,9 милијарди долари и очекува да биде завршен до есента 2028 година.