Loading Video...
Свет
26. May 2024 - 16:47

Преглед на вестите од светот

Седум доенчиња починаа поради вдишување чад при пожар што синока избувнал  во Центар за бебиња во главниот град на Индија, Њу Делхи. Иако спасувачите успеале да ги пренесат сите 12 бебиња во блиската болница, седум од нив не успеале да преживеат. По неколкучасовна борба со огнот, пожарот е ставен под контрола. Причината се истражува. Сопственикот на болницата побегнал соопшти полицијата во Њу Делхи. Во Индија вчера се случи уште трагедија. Давесет и седум лица, меѓу кои четири деца загинаа во пожар во забавен парк а во врска со инциндентот полицијата уапси две лица

Руските удари врз регионот  Харков се уште еден пример за лудилото  на Путин.Непријаелот бомбардираше  хипермаркет за  продажба на  градежни материјали во градот Харков, при што загинаа 12 лица а  43 беа повредени објави уркаиснкиот претседател. Според Зеленски во моментот на нападот  во објектот  имало најмалку 200 луѓе.   Руското минстреството за одбрана соопшти дека биле погодени  магацините на хипермаркетот  во кои како  што тврди  било складирано оружје.  . Русија на 10 мај почна офанизва во регионот Харков  а воениот портпарол  Игор Конашенко објави дека  армијата  зазела неколку населени места во областа.

По неколку недели, во Тел Авив  утрово се слушнаа сирени за ракетен напад. Набргу по објавувањето на тревогата, вооруженото крило на движењето Хамас објави дека истрелале 12  ракети  врз Тел Авив, како одоговор на израелските злосторства  врз цивилите во појасот Газа.  Нападот бил извршпен  од областа Рафах  каде што Израел ја продолжува својата воена операција  против Хамас.   Израелскиот противракетен одбранбен систем не успеал да ги пресретне  сите  ракети, соопшти израелската армија,  но повеке информации за нападот не сподели.