Loading Video...
Свет
6. December 2023 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Претседателот Џо Бајден првпат најавува дека е можно да не биде кандидат на Демократите на следните претседателски избори во САД, но само доколку не не би се соочил со Доналд Трамп. Во спротивно, ќе излезе на избори бидејќи смета дека Трамп ја загрозува демократијата во САД.

Иако минатата недела наполни 81 година, и многу американци гледаат со скептицизам за можноста тој физички да одговори на претседателските обврски, Бајден вели дека може да издржи уште еден мандат.

Доналд Трамп пак вели дека нема да стане диктатор ако повторно стане претседател на САД. Тој смета дека Бајден нема да биде негов противкандидта на изборите, туку потпретседателката на САД од редовите на демократите, Камала Харис.

Претпоставувам дека велат Камала Харис ќе биде кандидат на демократите, бидејќи сметаат дека доколку не биде таа кандидат, гласот на Афроамериканецот, гласот на црнците, нема да оди кај нив. Нашите последни анкети кажуваат дека же добиеме од 22 до 25 проценти од гласовите на афроамериканците. Ако го оствариме тоа, можеме да ги добиеме изборите.

Трамп, против кого се водат неколку судски процеи во САД, ја водеше земјата во периодот од јануари  2017 до  јануари 2021 година.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во посета на Абу Даби каде ќе разговара со лидерите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. На дневен ред е договорот за нафта и Организацијата на земјите извознички на нафта, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Целото патување, заедно со состаноците ќе трае 24 часа. Ова е прво патување на Путин во арапските земји, од почетокот на руската воена интервенција во Украина. Ни Саудиска Арабија ни Обединетите Арапски Емирати не се членки на западниот суд, па Путин може слободно да патува во двете земји.

Инаку, минатата недела, ОПЕК + се согласи на доброволно намалување на понудата во вкупна вредност од околу 2,2 милиони барели дневно, со цел да останата високите цени на горивото и во иднина.