Loading Video...
Свет
25. October 2024 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Mалолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон. Тој синоќа ја нападна полициската станица во Босанска Крупа. Нападот го извршил со ладно оружје, прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа интервенирал повредениот полицаец.

Најмалку тројца медиумски работници се убиени во пансион во кој престојувале по неколкуте напади ги погодија јужните делови на Бејрут рано утрово. Во објектот претстојувале уште неколку други новинари, јавуваат либанските медиуми. Во нападот на израелската војска загинале медиумски работници кои работеле за проиранскиот медиум Ал-Мајадин и снимател кој работел за телевизијата Ал-Манар на Хезболах.

Другите новинари изјавиле дека во нападот директно бил погоден бунгаловот во кој спиеле членовите на споменатите медиуми, пренесуваат британските медиуми. Инаку нападите на Израел започнаа во текот на ноќта.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека разговорите за прекин на огнот во Газа би можеле да продолжат во текот на наредните денови, јави Анадолија. Тој најави дополнителни 135 милиони американски долари хуманитарна помош за палестинската енклава.

На Државниот универзитет во Аризона, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се обрати до присутните со својот вообичаен список на цели: критикување на компетентноста на Бајден и Харис и изнесување лажни тврдења за имигрантите и насилен криминал.

Илјадници подржувачи се собраа да ја слушнат демократската претседателска кандидатка Камала Харис во Џорџија синоќа на митинг исполнет со ѕвезди со рок легендата Брус Спрингстин, забавувачот Тајлер Пери и поранешниот претседател Барак Обама.

Околу 20.000 луѓе присуствуваа на митингот во Џорџија, што е најголема посета на нејзин митинг.  Во петок таа ќе се појави со Бијонсе во Хјустон.

Повеќе од 30 милиони гласачи веќе го дадоа својот глас до четвртокот навечер, според податоците за следење од Изборната лабораторија на Универзитетот во Флорида.

Повеќе од 13 милиони од тие гласови биле лично, а повеќе од 17 милиони по пошта, според податоците.

Во два бомбашки напади во централно Мексико беа повредени пет полицајци, соопштија властите. Детонација на автомобил-бомба се случи во градот Акамбаро, при што беа повредени тројца полицајци во една од најнасилните држави во земјата.

Истовремено, беше пријавен и втор напад врз полициска патрола во Џерекуаро, лоцирана на 30 километри од Акамбаро. Најмалку двајца полицајци се тешко повредени. Властите на двете општини спроведоа силна безбедносна операција со поддршка на државните и федералните сили за да ги пронајдат одговорните за овие напади.