Loading Video...
Свет
27. October 2024 - 16:53

Преглед на вестите од светот

Најмалку 33 лица се повредени во терористички напад пред воена база во Тел Авив. Израелските власти соопштија дека камион со голема брзина влетал на автобуска станица и удрил во автобус и патници кои во моментот излегуваат од него. Израелските безбедносни сили веднаш го застрелале возачот на автобусот.

Терористичкиот напад доаѓа еден ден откако Израел ракетираше цели во Техеран. Светот во исчекување на иранскиот одговор а ајатолахот Хамнеи порача дека властите сами ќе одредат како најдобро да му ја покажат иранската моќ на Израел

Руската војска напредува кон неколку градови во источна Украина, со што се приближуваат до нивната цел да го освојат стратешкиот град Покровск, објавија руски и украински блогери.

Руските сили од минатата недела го напаѓаат рударскиот град Селидове во украинската област Доњецк. Украинскиот претседател Зеленски уште еднаш испрати апел до западот да изврши дополнителен притисок врз Русија. 

Рускиот претседател Путин предупреди дека ако западот дозволи напади со ракети со долг дострел врз Русија, официјална Москва ќе има жесток одговор.

Грузиската опозиција не и признава резултатите од последните парламентарни избори и ги повика граѓаните на протести.

Грузиската владејачка партија  задржа мнозинството освојувајќи 54% од гласовите на изборите кои опозицијата поддржана од западот ги наречен клучни за иднината на Грузија која требаше да одбере дали ќе се движи кон западот или ќе остане поблиска до Русија.