Loading Video...
Свет
31. October 2024 - 12:25

Преглед на вестите од светот

Најмалку 95 лица загинаа откако поројниот дожд го зафати источниот регион на Валенсија, Шпанија однесувајќи мостови и згради, соопштија локалните власти. Според некои проценки бројката се очекува да расте.

Катастрофалните поројни поплави се предизвикани од деструктивниот временски систем во кој студениот и топлиот воздух се спојуваат и создаваат моќни дождовни облаци, шема за која се верува дека станува се почеста поради климатските промени.

Феноменот е локално познат како ДАНА, шпански акроним за изолирана депресија на голема надморска височина, и за разлика од обичните бури или невреме, може да се формира независно од поларните или суптропските млазни потоци.  Дожд во Валенсија наврнал за осум часа, колку што вообичаено паѓа за една година. Источна и Јужна Шпанија се особено подложни на феноменот поради нејзината положба помеѓу Атлантскиот Океан и Средоземното Море.

Шест дена пред изборите во САД Демократскиот претседателски кандидат и американски потпретседател Камала Харис рече дека Доналд Трамп е „нестабилен“ и „надвор за неконтролирана моќ“ на митингот во Пенсилванија и во Висконсин.

Харис ја поминува последната недела од кампањата кажувајќи им на гласачите дека ќе ги почитува оние кои не се согласуваат со неа и прикажувајќи го поранешниот претседател Трамп како закана за демократијата.

Облечен во светол безбедносен елек, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп синоќа им рече на своите поддржувачи во Висконсин дека се „срцето и душата на Америка“ и ги обвини своите политички противници дека ги нарекуваат „ѓубре“.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос во вторникот покажа дека Харис води пред Трамп со 44:43.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжија со нападите врз цели на Хезболах во јужен и источен Либан. Како одговор, Хезболах истрела ракети во северен Израел. Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили го убиле Мустафа Ахмад Шахади, заменик командант на елитните сили на Хезболах Радван, во областа Набатиех во јужен Либан.  Хезболах сè уште не дал коментар за израелското тврдење.

Новиот лидер на Хезболах, шеикот Наим Касем, изјави дека ќе ја продолжи воената стратегија усвоена од неговиот претходник Сејед Хасан Насрала со поддршка на фронтот во Газа. Касем беше избран за нов лидер на Хезболах во вторникот.

Најмалку 109 Палестинци, меѓу кои и многу деца, беа убиени, а десетици ранети во израелски воздушен напад врз станбена зграда во Беит Лахија, северна Газа. Општина Беит Лахија во средата го прогласи градот во северниот дел на Газа за област на „катастрофа“ поради тековните израелски напади.