Loading Video...
Свет
1. December 2024 - 17:01

Преглед на вестите од светот

Косовската полиција уапсила осум лица во врска со експлозијата во водоводниот канал Ибар Лепенец во  општината Зубин Путин на сверот на Косово. Првиот човек на полицијата Џелал Свечла изјави дека најголем дел од уапсените  се припадници на српската организација Цивилна заштита која  властите во Приштина ја прогласија за терористичка. Тој додаде дека при извршените претреси на десет локации во Зубин Поток полицијата  запленила над  200 воени униформи, шест рачни ракетни фрлачи, оружја со долга цевка, пиштоли и муниција.

Косовскиот премиер Албин Курти го опиша  нападот како терористички чин и  ја обвини  Србија.  . Српскиот претседател Александар Вучик ги отфрли обвинувањата како неосновани и истакна  дека ќе докажат дека  Србија нема никаква врска со експлозијата.