Преглед на вестите од светот
Најмалку 5 лица загинаа а над 200 се повредени кога атовмобил влета во преполниот отоворен божикен пазар во германскиот град Магдебург. 40 од повредените се во критична состојба. Возачот со црно БМВ со голема брзина се движел низ пешачката патека мегу божиќните тезги, прегазувајки и повредувајки посетители, пред да биде уапсен. Уаспениот е Талиб. А, 50 годишен маж од Саудиска Арабија, кој живеел во Германија од 2006 година и има дозовла за постојан престој. Работел како лекар специјалист по психијатрија и психотерапија. Неговите објави на социјалните мрежи укажуваат дека бил симпатизер на екстремно десничарката партија Алтернатива за Германија и критичар на исламот. Полицијата соопшти дека го истражува мотивот за злосторството и дека засега не бара друг осомнчен.
Канцеларот Шолц, кој го посети местото на трагедијата, истакна дека е во шок и апелираше по страшниот настан „да се задржи кохезијата на земјата, да не се дозволи сеење на семето на омраза, а против сторителите да се постапува со целата сила на законот.“
-Сега е важно да ја разјасниме ситуацијата и тоа да се направи со најголема прецизност и точност. Ништо не смее да остане неистражено, и така ќе биде. За ова се уверивме секаде, федералната влада со државата, со сите што имаат локална одговорност и секако мораме да го разбереме сторителот, неговите постапки, неговите мотиви, за да можеме да одговориме со потребни кривични и други последици.
Трите деца и наставничката кои вчера беа ранети во нападот со нож во основното училиште Пречко во Загреб се во стабилна состојба и ноќта ја поминале мирно, информираа од болниците во кои се сместени повредените. Се додава дека нивното закрепнување ќе потрае некое време. Деветанесетгодишникот кој го изврши кравиот поход и кој со ножот повредил и себе си исто така е во стабилна состојба. Во Хрватска е ден на жалост. Знамето на Република Хрватска е истакнато на половина копје на сите објекти во кои се сместени државните органи и органите на единиците на локалната самоуправа. Културните и забавните активности кои биле планирани да се одржат денеска, се откажани.
Утрово, Украина со дронови го нападна Казан, град во централна Русија на околу 1000 километри од украинската граница. Погодени се шест станбени згради, соопштија локалните власти, наведувајки дека нема загинати или повредени лица во нападите. Претходно Украинците напаѓаа индустриски објекти поврзани со руската војска, а сега непријателот наутро напаѓа цивили во нивните домови, реагира Руското Министесртвото за одбрана, додека украинските власти не дадоа никаков коментар.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар