Преглед на вестите од светот
Втор ден мирува оружјето во појасот Газа. Раселените палсетинци кои се вратија дома, наместо куќи, најдоа урнатини.
- Ја изградив оваа куќа дел по дел, а кога се вратив, не ја најдов како што ја знаев. Сè што гледам е пустош. Не го гледам мојот дом, гледам само уништување, вели јома шади, раселен палестинец.
- Се вративме да ја провериме нашата куќа, но на пат се изгубивме бидејќи не можевме да ја препознаеме областа. Ја најдовме нашата куќа целосно избришана, а местото е полно со урнатини, вели Талал Ахмед.
Примирјето помеѓу Израел и Хамас носи и поголема хуманитарна помош за палестинците.низ преминот Рафа, веќе минаа 630 камиони со помош а дополнителни 4000 чекаат да влезат во енклавата. Согласно договореното, израел рано утрово ослободи 90 палестински затвореници а вчера, на првиот ден од прекинот на огнот хамас пушти три израелски заложнички кои како што соопштија израелските здравствени власти се во добра здравствена состојба. Во рамки на првата фаза која ќе трае 42 дена, се очекува ослободување на уште 30 израелски заложници во замена за палестински затвореници.
Осум лица загинаа во пожар во старачки дом во Србија
Најмалку осум лица загинаа, а седум се повредени во пожар што се случи утрово во старечки дом во општина бараево во Србија. Во домот во моментот на пожарот имало 30 лица. Над 30 пожанракрите се справувале со пламените јазици. Според полицијата пожарот најверојатно го подметнал еден од корисниците на домот, кој и самиот настрадал.
Активистите на Гринпис го блокираа хелиодромот во Давос барајќи од владите да ги оданочуваат супербогатите
Утре во Давос, Швајцарија почнува светскиот економски форум на кој ке присустуваат 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери. Гостите кои утрово пристигнаа со хеликоптери се соочија со блокиран пат од хелиодромот до градот. Активисти на гринпис поставија блокади и држеа транспаретнти со порака - владите да ги оданочат супербогатите за да финансираат климатски, еколошки и социјални акции. На форумот ќе се разговара за сајбер криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар