Преглед на вестите од светот
25 годишна студентка е повредна кога жена со автомобил ја удрила на вчерашните протести во Белград.
„Генералниот штрајк“ во Србија, на кој вчера повикаа студентите, затвори бројни локали и изнесе на улица илјадници луѓе. Истовремено, српскиот Претседател Вучиќ организираше контра протести во Јагодина. Пред приврзаниците констатираше дека Србија е нападната
Во Србија протести се одржуваат и денеска како и во последните 2 месеци откако на железничката во Нови Сад се сруши настрешница по што загинаа 15 лица.
Вчерашниот бојкот на потрошувачите во Хрватска го намалил промеотот вна продавниците за повеќе од 50%, објави хрватската даночна управа. Според објавените податоци, бројот на издадени фискални сметки паднал за 44% а износот на сметките се намалил за 53% во споредба со еден просечен трговски ден во Хрватска. Намалување за 29% бележи и бројот на издадени фактури во бизнисот а нивниот износ се намалил за 36%. Хрватските граѓани вчера во знак на протест поради високите цени ги бојкотираа сите продавници и бензински пумпи.
Граѓанскиот сектор најави можност вакви протести да се одржуваат секој петок, а Владата им даде поддршка.
Грчкиот парламент не успеа да избере Претседател во првиот обид откако кандидатот на владејчката Нова Демократија не обезбеди двотретинско мнозинство во грчкиот законодавен дом кој брои 300 пратеници. За Констатинос Тасулас гласаа 160 пратеници . Зза 5 дена повторно ќе се гласа за претседател. Доколку и во второто гласање не се обезбеди двотретинско мнозинство се гласа и по трет пат, но тогаш на идниот Претседател ќе му требаат само 150 гласови
Хамас ослободи четири жени припаднички на израелската војска во замена за околу 200 палестински затвореници, во согласност со договорот за прекин на огнот со цел да се стави крај на 15-месечната војна во Газа.
Четирите жени кои беа заробени во 2023, беа изведени на подиумот во градот Газа, среде голема толпа Палестинци и опкружени со десетици вооружени мажи на Хамас
Американскиот Претседател Трамп излезе на улиците на Лос Анџелес за лично да се увери во штетите што ги направи последниот голем пожар. Трамп го придружуваше првата дама која не заборави на корените кога се сретна со семејство од Балканот. Трамп во Лос Анџелес оствари средба со градоначалничката кон која беше прилично остар. Трамп им вети на жителите дека ќе им помогне повторно да ги изградат куќите
Пожарот во Калифонија се уште се води како активен. Огнената стихија зема 28 жртви и уништи повеќе од 16.000 домови.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар