Преглед на вестите од светот
Илјадници Срби протестираа и во текот на ноќта блокирајќи го главниот пат во главниот град Белград барајќи одговорност за смртоносниот колапс минатата година во кој загинаа 15 лица. Демонстрантите свиреа и во еден момент ги запалија светилките на своите мобилни телефони за време на во блокадата, која траеше 24 часа, како што најавија студентите.
Демонстрантите велат дека корупцијата, непотизмот и лошите градежни работи стојат зад катастрофата на железничката станица во северниот град Нови Сад во ноември минатата година и бараат брза судска постапка против одговорните. Владата ја негира вината за смртните случаи.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека разговарал со претставниците на Владата и оти заклучиле дека се грижат да ја слушнат другата страна (студентите), дека сакаат дијалог и разговор, наведувајќи дека актуелната ситуација во Србија никому не му одговара. Вучиќ, изјави дека бара „најитна и голема“ реконструкција на Владата на Србија и оти очекува да бидат сменети повеќе од половината од досегашните министри. Според него, подобрувањето на стандардот на граѓаните е најважната задача на секоја власт, пренесе Бета.
Грчките земјоделци со своите трактори ја блокираа главната автопатска мрежа во земјата во понеделникот велејќи дека се подготвуваат за долга борба за да бидат исполнети нивните барања од владата. Протестите кои започнаа минатата недела се зголемуваат секој ден, при што стотици трактори се паркираат покрај патиштата околу главниот национален автопат во централна и северна Грција што ги поврзува северот и југот на земјата. Земјоделците се закануваат дека ќе го блокираат автопатот со своите трактори, ќе го прекинат сообраќајот и потенцијално ќе го осакатуваат транспортот на стоки и производи до пазарите низ земјата. Земјоделците рекоа дека мерките што ги презема владата, вклучително и понудата од петокот за подмирување на милијарди евра лоши заеми, не се доволни.
Десетици илјади Палестинци во понеделникот почнаа да се враќаат во своите домови во северниот дел на разурнатиот Појас Газа по 15 месеци принудно раселување. Враќањето уследи по соопштението на Катар во неделата навечер дека Хамас и Израел постигнале договор до петок да го ослободат израелскиот заложник Арбел Јехуд и уште двајца. Снимките од дрон ја покажуваат толпата која наликува на огромен бран кој бавно се движи, повеќето патуваат пеш и носат малку работи што им останале на грб.
Рио де Жанеиро неговите жители и туристите се борат со топлотен бран и применуваат неконвенционални методи за да се спасат од високите температури. Во еден локален ресторан, сопственикот го претвори својот објект во импровизирана станица за ладење, ставајќи коцки мраз под масите за да ги освежи нозете на клиентите. Некои најдоа засолниште во ледени бањи, а рестораните низ Рио поставија импровизирани тушеви на отворено за да им дадат на своите клиенти ослободување од задушливата топлина. Во саботата максималната температура достигна 39 степени што создаде гужва на плажите, а минатата недела беа измерени и 48,9 степени.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар