Loading Video...
Свет
17. November 2023 - 12:24

Преглед на вестите од светот

Педро Санчез утрово положи заклетва како премиер на Шпанија, кај кралот Фелипе. Ваквиот расплет доаѓа откако од 350 члена на шпанскиот Парламент, 179 гласаа за Владата на Санчез, а 171 гласал против.

Социјалистот Санчез ќе ја предводи Владата заедно со левичарската партија Сумар, со која што е во коалиција од 2020, но и со дел од екстремно десничарските партии во Каталонија и Баскија, потег кој резултираше со масовни протести во Мадрид.

Незадоволните Шпанци велат дека старо новиот премиер не исполнил ништо од ветеното во предизборната кампања, и го обвинуваат за национално предавство.

Не ми се допаѓа тоа што ја продадоа Шпанија како што го направија тоа. Овој човек рече дека амнестијата не е ставена во уставот и сега е.

Секогаш кога ќе се појави на ТВ лаже. Нема зборови да се опише она што се случува во Шпанија во однос на економијата,и воопшто во општественото живеење.

Шпанците најмногу му замеруваат на Санчез за договорот склучен со каталонските сепаратисти за амнестија на вклучените во каталонското движење за независност. Според коалицискиот договор, во наредните месеци пратениците треба да го изгласаат законот за амнестија, со кој прогонет лидер на Каталонија Карлес Пучдемон, ќе може безбедно да се врати во Шпанија.

Со Баскиската националистичка партија пак бил постигнат договор кој предвидува поголема автономија на Баскија, а Баскијците добиваат статус на нација.

За 40 проценти е зголемен бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот, минатата година. СЗО информираше дека главна причина за ова е драстичното намалување на вакцинираните луѓе за време на пандемијата на коронавирусот.

Случаите со сипаници се зголемија за речиси 20 проценти, бидејќи нивото на вакцинација падна на 15-годишниот минимум за време на пандемијата. Децата со најголем ризик се во земјите во развој во Африка, Југоисточна Азија, Јужна Америка и Индија, се вели во извештајот од СЗО.

Девет милиони деца се разболеле минатата година од сипаници, а 136. 000 починале, главно во посиромашните земји. Оваа болест предизвикала епидемии во 37 земји во светот.

Зголемен број на заболени лица од сипаници годинава е забележан и во богатите земји, како последица од невакцинирање. Како пример се посочува британската престолнина Лондон, во чии што делови само 40 отсто од децата биле вакцинирани.