Преглед на вестите од светот
Нови проблеми во Газа. Раселените Палестинци кои се вратија во бегалскиот камп Џабалија се соочија со сериозен недостиг на вода поради уништувањето на поголемиот дел од бунарите за вода. Луѓето чекаа во ред, за да добијат вода од еден од петте преостанати подземни бунари по долгите пешачења.
Пред почетокот на војната постоеле 30 бунари, а сега во функција се само пет. Многу Палестинци прибегнаа кон копање импровизирани бунари, неопходни за вода за пиење и лична хигиена, среде делови од уништени згради и урнатини.
Дополнително во текот на вчерашниот ден проблеми создадоа и силниот ветер и врнежите откако зимска бура ги поплави шаторите во кои се сместени раселените семејства и ги уништи нивните шатори.
Членовите на израелските заложнички семејства во Тел Авив ја повикаа владата да работи на втората фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во четврток.
Досега се вратени само 13 од групата од 33 израелски заложници кои требаше да бидат ослободени во првата фаза, а уште тројца треба да излезат во сабота.
Втората фаза од трифазниот договор е наменета да се фокусира на договорите за ослободување на преостанатите заложници и повлекување на израелските трупи од Газа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека Украина ја примила првата серија француски борбени авиони Мираж 2000, како и ловци Ф-16 од американско производство од Холандија, бидејќи европските сојузници се обидуваат да ја зајакнат одбраната на Украина во војната со Русија. На почетокот на војната пред три години, Украина имаше само застарени воздушни сили наследени од Советскиот Сојуз кога тој се распадна во 1991 година.
Не е откриен точниот број на испорачани авиони Ф-16 и Мираж.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар