Преглед на вестите од светот
Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин можат да одржат лидерска средба веќе идната недела, односно докрајот на месец февруари соопшти агенцијата Блумберг. Преговорите меѓу руската и американската делегација во главниот град на Саудиска Арабија „можат да го отворат патот“ за средба на двајцата претседатели се вели во написот.
Јуриј Ушаков, помошник на претседателот на Руската Федерација, кој беше на средбата во Ријад истакна дека најважно е да започнеме вистинска нормализација на односите меѓу нас и Вашингтон.
Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите страни, вклучувајќи ги Украина, Русија и Европа, напомена во Ријад. Тој прецизираше дека никој нема да биде игнориран, а Европската унија ќе биде вклучена во преговорите во некоја фаза.
Тој сооппшти дека во Ријад е постигнат договор со Москва во четири области. Американскиот државен секретар прецизираше дека ќе бидат назначени тимови за враќање на функционалноста на амбасадите во Москва и Вашингтон.
Францускиот претседател Емануел Макрон за денеска најави дека ќе организира уште една средба со претставници на „неколку европски и неевропски земји“ за Украина, по состанокот во понеделникот на кој присуствуваа мал број клучни земји, како и лидерите на Европската унија и НАТО. Според француски дипломатски извори, меѓу учесниците се шефови на држави и влади од Грција, Финска, Романија, Шведска, Белгија, Чешка, балтичките земји, Норвешка и Канада, а некои лидери ќе се приклучат преку видео врска. Се очекува Макрон да се консултира со сите лидери на ЕУ до крајот на неделата.
Францускиот претседател рече дека тој самиот е подготвен да разговара со Путин „кога ќе биде вистинското време во процесот на идните преговори“. Тој рече дека Франција не се подготвува да испрати копнени сили на фронтот во Украина, а ја спомена и можноста во рамките на преговорите, „да се одлучи да има мировна операција под мандат на ОН долж линијата на фронтот“.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар