Loading Video...
Свет
3. March 2025 - 12:21

Преглед на вестите од светот

„Анора“, романтичната драма на режисерот Шон Бејкер, е големиот победник добивајќи пет награди. Шон Бејкер го изедначи рекордот на Волт Дизни со четири „златни статуетки“ во една вечер, а најдобра актерка е Мајки Медисон, додека а Деми Мур остана без признание

„Бруталистот“ ја заврши вечерта со три награди, меѓу кои и за најдобар актер за Адриен Броди.

Иако Емилија Перез доби најмногу номинации со 13, таа освои само два Оскари – за најдобра споредна женска улога за Зои Салдања и за најдобра оригинална песна за „Ел Мал“.

Шоуто започна со специјален пакет филмски клипови кои му оддадоа почит на градот и заврши со „Ние го сакаме ЛА“. Следеше и настап на ѕвездите Аријана Гранде и Синтија Ериво, а секако неизбежен беше и гламурот на сите присутни особено на „црвениот тепих“ во театрот „Долби“.

По вчерашниот самит на европските лидери со присутво на Канада, претседателот на Украина, Зеленски утрово изјави дека Киев e благодарен на САД за нивната поддршка и вети поголеми дипломатски напори за усогласување со ставовите на Вашингтон.

-Ќе има дипломатија во име на мирот. И во име на тоа, сите ние да бидеме заедно – Украина, цела Европа и дефинитивно, Америка, изјави Зеленски.

Тој додаде дека Украина „ја сфаќаме важноста на Америка“ и Украина е благодарна за целата поддршка. – Нема ден кога не чувствуваме благодарност, истакна Зеленски.

Воедно украинскиот претседател изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО.

Стотици израелски демонстранти го блокираа патот пред резиденцијата на премиерот Нетанјаху во неделата навечер заканувајќи се дека ќе останат додека владата не се согласи на договор што ќе ги врати дома сите преостанати заложници.

Хамас го отфрли предлогот на Израел за продолжување на привремениот прекин на огнот преку Рамазан и периодот на Пасха.

Хамас вели дека е посветен на првично договорениот прекин на огнот, кој требаше да премине во втора фаза, со преговори насочени кон траен крај на војната, и ја отфрли идејата за привремено продолжување на 42-дневното примирје. Израел вели дека сите негови заложници мора да бидат вратени за борбите да запрат и да започнат разговорите за втората фаза.

Израелски воени возила се во близина на границата со Газа, додека Израел најави дека ќе го блокира влезот на хуманитарна помош во регионот.