Loading Video...
Свет
10. March 2025 - 12:14

Преглед на вестите од светот

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју за „Фокс Њуз“. Таа војна немаше да се случи ако јас бев претседател“, рече Трамп.

Соединетите Држави неделава ќе се сретнат со украинска делегација во Саудиска Арабија за да утврдат дали Украина е подготвена да направи материјални отстапки на Русија за да ја прекине војната, соопштија официјални лица. Членовите на американската делегација се заинтересирани и за тоа дали Украинците навистина сакаат подобрување на односите со администрацијата на Трамп.

Иако има најави за почнување на преговори за прекин на огнот, борбите на фронтот подолжуваат. Според руското Министерство за одбрана, руските војници презеле контрола врз неколку населени места во областа Курск, како во населени места во регионот Суми и регионот Доњецк. Дел од операцијата е принудување на украинските војници кои држат делови од територијата седум месеци по прекуграничниот упад да ја напуштат.

Генералштабот на украинските вооружени сили извести дека неговите сили се вклучиле во битки со руските сили во правците на Курск, Харков, Купјанск и Покровск.

Неколку стотици проукраински демонстранти се собраа пред Бранденбуршка порта во Берлин во неделата за да ја изразат својата загриженост за неодамнешните влошени односи меѓу САД и Украина.Организаторот на протестот и претседател на невладината организација „Украински гласови“, Ирина Шуликина, рече дека има чувство на „предавство и разочарување во украинското општество“ по неодамнешните акции на САД. Инаку, американскиот претседател

Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека не е сериозен во врска со постигнувањето мировен договор со Русија, која ја нападна Украина пред три години и зазеде околу 20 отсто од нејзината територија.