Преглед на вестите од светот
Трамп предлага американска сопственост над украинските електрани
Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, САД да управуваат со украинските електроцентрали како гаранција за нивната безбедност, се наведува во заедничката изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц. Телефонскиот разговор траел еден час. Зеленски посочи дека украинскиот и американскиот тим се подготвени следните денови да се сретнат во Саудиска Арабија за решавање на техничките прашања поврзани со спроведувањето и проширувањето на делумниот прекин на огнот.
Разговорот го потврди и портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит откако го прочита американското соопштение. Таа потврди дека САД ќе продолжи да споделува американски разузнавачки информации со Украина. Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера изјави дека сака САД и другите сојузници да престанат со споделување на разузнавачки информации со Киев и да се стопира испорака на оружје за Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави можна средба помеѓу Путин и Трамп во Саудиска Арабија, а за 23.март е најавена средба на претставници на двете страни во Џеда, кои ќе разговараат за прекин на огнот. Во телефонски разговор со Трамп, Путин го отфрли 30-дневниот прекин на огнот. Сепак тој се согласи да не ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина, доколку Украина го стоири истото. Зеленски се согласи со предлогот.
Во текот на вчерашниот ден Русија и Украина разменија по 175 воени заробеници. Русија предаде дополнителни 22 тешко ранети украински затвореници, потврдија двете страни.
Масовни протести во Турција во притворот на Имамоглу
Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март. Дел од студентите во Истанбул се судрија со интервентната полиција. Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и други високи членови на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП). На
Имамоглу му е одреден притвор во истрага за корупција.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар